Напојувања за CJ серија
CJ серијата на PLC-ња може да работат на 24VDC напојување или на 100-240VAC напојување. За мали системи со минимален број на дигитални влезно/излезни единици може да се користата економични напојувања со мал капацитет. Додека за системи со многу аналогни влезно/излезни и комуникациски единици потребно е да се користат моќни напојувања, бидејќи во зависност од типот на CPU-то кое се користи целата конфигурација може да биде долга и до 12м со капацитет за поврзување до 40 влезно/излезни единици.