Референци за системи OMRON Macedonia
Контрола и управување на дигалки
Решението се базира на OMRON-ов фреквентен преобразувач тип CIMR-F7/L7 со флукс векторска регулација на вртежниот момент кој има функција на прецизно, континуално управување на брзината и јачина на подигање-спуштање на товари, без остри механички напрегања
Технички карактеристики:
– Моќности од 0.75KW до 300KW/400V
– Праг на преоптеретување 200%
– Опсег на регулација од 0,1 до 400Hz
– Пренапонска, поднапонска и прекуструјна електронска заштита
Функции на системот:
– Прецизно енкодерско управувано позиционирање
– Брзо и едноставно управување со “joystick”
– Електромагнетно кочење со повратна енергија во мрежа
– Електронска заштита од механички преоптеретувања
Автоматизација на машини од кондиторска индустрија
Решението е базирано на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1G кој има функција за управување на машина за производство и пакување на кондиторски производи со комплетна контрола на квалитетот (контрола на пакување и контрола на тежина според HASSP стандарди)
Функции на системот:
– Мерење и дозирање на производ со електронски тензометриски, тежински сензори
– Прецизна PID-2 температурна регулација
– Прецизна серво контрола на дозирање
– Можност за поврзување на глобалната индустриска мрежа во фабриката
– Комплетна автоматска контрола на моторен погон
– Алармни функции со табеларен хронолошки извештај
– Дефинирање на процесот на производство по рецептура
Контрола, управување и визуелизација на прецистителна станица
Решението е базирано на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1M кој има функција за управување со пречистителна станица за отпадни води и овозможува визуелизација и аквизиција на еколошките параметри и нивно следење на персонален компјутер
Функции на системот:
– Синоптички приказ на состојбата на станицата
– Прецизна контрола на механичките филтри
– Прецизна контрола на биоразградувањето
– Мерење на квалитет на влезната и излезната вода
– Комплетна автоматска контрола на моторен погон
– Алармни функции со табеларен и графички хронолошки извештај
– Дефинирање на работни параметри на процесот на пречистување на отпадните води
– Можност за рекуперација на енергија од отпадниот материјал (био гас)
Визуелизација и аквизиција на еколошки параметри во фабрика
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1G кој има функција за мерење, визуелизација и аквизиција на еколошки параметри во фабрики
Капацитет на системот:
– 250 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10М
– 80 температурни влезови за PT100 температурни сонди
– 250 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 128 контактни излези 250VAC/24VDC/10A -NO/NC
Функции на системот:
– Инструментална претстава на мерењата на екран
– Авторизирано компјутерско задавање на горни и долни граници на мерењата
– Интернет пристап до базите на податоци од мерењата
– Алармна и дијагностичка функција на исправноста на сензорите
Визуелизација и аквизиција на технолошки параметри во електро печки
Визуелизација и аквизиција на погонот се врши со 4 програмибилни логички управувач од серијата CJ1G поврзани во индустриска Ethernet комуникациска мрежа. Визуелизацијата и аквизицијата на податоците се врши на мрежа од повеќе компјутери во диспечерскиот центар
Капацитет на системот:
– 300 влезни аналогни сигнали 4~20mA, 0~10V, 1~5V
– 180 температурни влезни сигнали за J/K/B тип температурни сонди
– 480 влезно-излезни дигитални сигнали 250VAC/24VDC/10A
– Ethernet и Controler Link комуникација 100Mb/s и 2Mb/s
Функции на системот:
– Симоптички приказ на технолошкиот процес на топење
– Калкулатни функции за искористеност на печка
– Алармни функции со табеларен хронолошки извештај
– Графиконски тековни дијаграми за текот на процесот
Контрола и управување на машини за пластика
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1G кој има функција за управување на машина за производство на пластична амбалажа и овозможува визуелизација и аквизиција на технолошките параметри на производство на NS програмибилен LCD “touch screen” терминал.
Капацитет на системот:
– 16 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 10 температурни влезa за PT100 температурни сонди
– 112 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 128 контактни излези 250VAC/24VDC/10A -NO/NC
Функции на системот:
– Комплетна автоматска контрола на моторен погон
– Од 8 до 16 зонска температурна PID контрола
– Алармни функции со табеларен хронолошки извештај
– Дефинирање на процесот на производство по рецептура
Контрола и визуелизација на осветление на конгресни, спортски и други сали и објекти
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1M кој има функција за управување, контрола и визуелизација на осветление во објекти
Капацитет на системот:
– 32 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 32 аналогни излеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 250 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 128 контактни излези 250VAC/24VDC/10A-NO/NC
Функции на системот:
– Синоптичка претстава на светилките на тлоцрт од објектот
– Вклучено/исклучено команда и визуелизација на светилките
– Континуална контрола на јачината на светлото на светилките
– Алармна и дијагностичка функција на исправноста на светилките
Автоматско управување и визуелизација на транспортни системи
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CS1G кој има функција за управување, контрола и визуелизација на транспортен систем за материјал
Капацитет на системот:
– 32 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 250 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 128 контактни излези 250VAC/24VDC/10A-NO/NC
Функции на системот:
– Автоматско управување на моторниот погон
– Автоматски избор на празен силос
– Визуелизација на состојбата на силос со алармни функции
– Алармни и дијагностичка функција за транспортниот систем
– Хронолошки табеларни и графиконски извештај за работата на погонот
Автоматско управување и визуелизација на силоси
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1M кој има функција за управување, контрола и визуелизација на силос за материјал
Капацитет на системот:
– 16 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 128 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 64 контактни излези 250VAC/24VDC/10A-NO/NC
Функции на системот:
– Автоматско управување на моторниот погон
– Автоматски избор на празен силос
– Визуелизација на состојбата на силос со алармни функции
– Алармни и дијагностичка функција за полнење на силосот
– Хронолошки табеларни и графиконски извештај за работата на погонот
Автоматско управување и визуелизација на асфалтна база
Системот е базиран на OMRON-ов програмибилен логички управувач од серијата CJ1G кој има функција за управување на асфалтна база и овозможува визуелизација и аквизиција на технолошките параметри на процесот на производство на персонален компјутер
Капацитет на системот:
– 32 аналогни влеза 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 8 температурни влеза за PТ100 температурни сонди
– 112 дигитални влезни сигнали 24VDC
– 128 контактни излези 250VAC/24VDC/10A-NO/NC
Функции на системот:
– Комплетна автоматска контрола на моторен погон
– Температурна PID контрола
– Современа контрола на бренер со дигитална колор камера
– Дефинирање на процесот на производство по рецептура
Автоматско управување и визуелизација на мелници за цемент
Контрола и управување на погонот со 10 програмибилни логички управувачи од серијата CS1 поврзани во индустриска Ethernet оптичка комуникациска мрежа. Визуелизација и аквизација на податоците се врши на мрежа од повеќе компјутери во диспечерскиот центар
Капацитет на системот:
– 130 влезни аналогни сигнали 4~20mA, 0~10V, 1~5V, -10/+10V
– 160 температурни влезни сигнали за PТ100 температурни сонди
– 2100 влезно-излезни дигитални сигнали 250VAC/24VDC/10A
– Ethernet и Controler Link комуникација 100Mb/s и 2Mb/s
Функции на системот:
– Автоматско управување на моторниот погон
– Автоматска контрола на високонапонски мотори за мелници
– Автоматска контрола на систем ваги за дозирање
– Автоматска контрола на систем филтри
– Автоматска контрола на систем транспорт на материјал
Аквизиција и визуелизација на технолошки параметри на рото печки
Аквизицијата и визуелизацијата на погонот се врши со програмибилен логички управувач од серијата CJ1G поврзан во индустриска Ethernet комуникациска мрежа. Визуелизација и аквизација на податоците се врши на мрежа од повеќе компјутери во диспечерскиот центар
Капацитет на системот:
– 150 влезни аналогни сигнали 4~20mA, 0~10V, 1~5V
– 24 температурни влезни сигнали за J/K тип температурни сонди
– 520 влезно-излезни дигитални сигнали 250VAC/24VDC/10A
– Ethernet комуникација 100Mb/s
Функции на системот:
– Синоптички приказ на технолошки процес-погон
– Визуелизација и аквизиција на технолошки параметри на термодинамички процес на рото печка
– Алармни функции со табеларен хронолошки извештај
– Графиконски тековни дијаграми, за текот на процесот